Еве ги правилата за „Beer Pong“ Двојки:
1) Формацијата на чашите е 3-2-1 (6 чаши).
2) За време на фрлање, играчите може да изберат помеѓу стандардно фрлање или фрлање со отскок.
3) За време на фрлање, играчите мора да ги држат лактите позади масата, инаку фрлањето нема да биде важено.
4) Двајцата играчи добиваат по едно пинг-понг топче кое можат да го фрлат во исто или различно време.
5) Двајцата играчи од напаѓачкиот тим мора да завршат со фрлање пред другиот тим да започне.
6) Стандардно фрлање вреди 1 чаша.
7) Фрлање со отскок вреди 2 чаши.
8) Доколку двајцата фрлачи погодиле во иста чаша, со стандардно фрлање, опозициониот тим губи 3 чаши.
9) Доколку фрлачите погодиле едно стандардно фрлање и едно фрлање со отскок, опозициониот тим губи 3 чаши.
Доколку истите погодиле
во иста чаша, опозициониот тим губи 5 чаши.
10) Доколку фрлачите погодиле со отскок, опозициониот тим губи 4 чаши.
Доколку истите погодиле во иста чаша, опозициониот тим губи 6 чаши.
11) Фрлањето со отскок може да биде блокирано од опозициониот тим.
12) Нелегални блокирања се казнуваат со отстранување на 1 чаша.
13) Доколку фрлачите победиле со една преостаната чаша, опозициониот тим добива една шанса (2 топчиња) да ја продолжи играта.